Македонската Химна

 Македонската Химна - Славна Македонија

Славна Македонија или Позната Македонија (грчки: Μακεδονία ξακουστή - Македонија ксакусти) е песна често позната како Македонската химна на грчкиот регион Македонија во Северна Грција и за Грците Македонци насекаде низ светот.[1]

Знамето на Грчка Македонија
Се однесува на Македономахи (Грчко-македонски борци и/или борци за Грчка Македонија) во „Македонската борба“ (грчката борба за Македонија која историски и’ припаѓа на Грција) и се пее на паради и национални прослави.


Со воведувањето на 24 часовна програма, оваа химна го обележува и крајот на радио програмите на локалниот Македонски канал („Радио-Македонија 102 ФМ“) и се свири веднаш пред грчката национална химна.

Според вебстраната на грчката армија оваа химна е воен марш (εμβατήριο) базирана на традиционален „Македонски (грчки) танц“ (Μακεδονικός Χορός) кој е поврзан со Акрите од Византија. Исто така, стиховите се однесуваат на Александар Велики, кој се смета за таткото на грчките Македонци.

Напишана е во јампски 15-слогови (ιαμβικός δεκαπεντασύλλαβος). Ритамот е 2/4 и може да се игра како „хасапико“ (χασάπικο). Исто така може да се игра заедно со традиционалниот грчки Македонија танц.

Стихови на македонската химна „Славна Македонија“

грчка верзија :
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ΞΑΚΟΥΣΤΗ
транскрибирано :
МАКЕДОНИЈА КСАКУСТИ
словенски дијалект на ПЈРМ:
СЛАВНА МАКЕДОНИЈА
Μακεδονία ξακουστή,
του Αλεξάνδρου η χώρα,
που έδιωξες τους βάρβαρους
κι ελεύθερη είσαι τώρα!
Είσαι και θα ΄σαι ελληνική,
Ελλήνων το καμάρι,
κι εμείς θα σ'αντικρύζουμε,
περήφανα και πάλι!
Οι Μακεδόνες δε μπορούν
να ζούνε σκλαβωμένοι,
όλα και αν τα χάσουνε
η λευτεριά τους μένει!
Македонија ксакусти,
ту Акелсандру и хора,
пу едиоксес тус варварус,
ки елефтери исе тора!
Исе ке та исе елиники,
Елинон то камари,
ки емис та се антикризуме,
перифана ке пали!
И Македонес де борун
на зуне склавомени,
ола ке ан та хасуне
и лефтериа тус мени!
Славна Македонијо,
земјата на Александар,
ти ги исфрли варварите,
и сега си слободна!
Ти беше и ќе бидеш хеленска,
наша хеленска слава,
и ние ќе гледаме
да ни бидеш повторно горда!
Македонците неможат
да живеат неславни,
иако изгубат се,
тие сѐ уште ќе ја имаат Слободата!

За време на првите децении на минатиот век, во третиот стих од химната се пеело: „ги избрка Бугарите“, но со текот на годините како што се нормализираа односите меѓу Грција и Бугарија, зборот „ Βούλγαρους “(„Бугари“) подоцна е сменет со поненавредлив збор „ βάρβαρους “ („варварин“ – што всушност значи странец, туѓинец т.е. не-Грк) се’ со цел да се избегнат разгорувања на националните страсти.

Исто така стихот "κι εμείς θα σ'αντικρύζουμε, ελεύθερη και πάλι!" („и ние повтороно гордо ќе ве гледаме“) понекогаш се пее како „κι εμείς τα Ελληνόπουλα, σου πλέκουμε στεφάνι!“ („и ние, синовите на Грција, ви плетеме круна“)


Аудио
Speaker Icon.svg Славна Македонија
Speaker Icon.svg Славна Македонија од Војничката Банда

Наводи

[1.]  Рудометоф, В. (2002). „Колективна меморија, национален идентитет и етнички конфликт: Грција, Бугарија и македонското прашање.“. Гринвуд Прес. стр. 81. ISBN 0-275-97648-3.