Thursday, June 30, 2011

Идентитетот на Македонија

Според Член 2 од Светската декларација за културна разновидност на УНЕСКО „од голема важност е да се овозможи хармонична интеракција меѓу луѓето и групи со повеќе различни и динамични културни идентитети“.

5 милиони луѓе живеат во денешниот регион Македонија и повеќе од половина од нив имаат грчки национален идентитет, заедно со нивниот македонски идентитет како дел од нивното хеленистичко наследство. Друга четвртина се со бугарски, албански, српски, ромски или турсски национален идентитет.

Тоа не остава со малцинство помалку од четвртина од популацијата на регионот. Ова се луѓето кои ја населуваат поранешната Југословенска провинција, потребно е да се каже – спонзорирана пропаганда и историско фалсификување. Одбиваат да признаат дека сочинуваат само мал дел од Македонија, дека имаат различно потекло и дека треба да се дефинираат според тоа.

Но што е приказната со Грците и нивните различни културни идентитети? Луѓето од Крит имаат свој културен идентитет, истото важи и за Македонците. Кога двајца Грци разговараат за нивното потекло велат „Јас сум Критец“ или „Јас сум Македонец“. Ако странци се вмешани во разговорот ќе прашаат „Значи сте Грк... од каде поточно?“. Рос Дејли, етнички Ирец, музичар кој со децении живее во Грција и кој е целосно интегриран таму, би рекол со дебел критски акцент: „Јас сум Критец“.

Македонците припаѓаат на грчката нација: тие не претставуваат одделен етнички идентитет, туку културен. Ова е многу вообичаено. Сицилијанците и Баварците се горди на своето наследство. Сицилијанците се Италијанци, Баварците се Германци. Но сепак, Германците не се Баварци, ниту пак Италијанците Сицилијанци.

Точка на интерест: Обединетите Нации се согласуваат дека културните идентитети треба да бидат заштитени.

Над 3.5 милиони луѓе ширум светот со грчки национален идентитет и македонски културен идентитет имаат право на само-определување и зачувување на нивниот историски и културен идентитет. Тие го бараат само она што со право им припаѓа ним. Доколку нивниот северен сосед го монополизира терминот „Македонија/Македонец“ за интернационална употреба, во суштина би им ги одзеле нивните основни права. Во таа смисла, терминот „грчки Македонец“ е проблематичен бидејќи воведува мешавина од етнички позадини (друг пример: „мојот пријател германски Италијанец“).

Грците не сакаат да бидат поистоветени со „етничките Македонци“ (т.е. Славомакедонец). Таму води терминот на „чистата“ идентификација за последната група (25% малцинство од регионот Македонија). Нема причина зошто мнозинството со постојано присуство во регионот, да се откаже од нивниот културен идентитет, во полза на новосоздадената нација чии народни херои се изјаснувале себеси како Бугари.